ОБИЛНИ врнежи од дожд на повисоките планински предели на Голија во утринските часови прераснаа во снег, а сите надлежни екипи се подготвени за нови врнежи од снег.
Врнежи од снег се забележливи и на другите планински врвови во западниот дел на Србија. Поради лошите временски услови сообраќајот се одвива побавно, но нема застои.
На планините во Македонија снег се најавува на почетокот на следната недела, кога се очекува пад на температурите.