Тој дојде на свет како бебе со доволно кожа за да го покрие телото на петгодишно дете, лекарите никогаш не виделе нешто слично. А особено биле шокирани родителите.
– Бев шокиран кога го видов. Не знаев дека бебето може да изгледа така“, изјави таткото на Том, Џеф, во интервју за емисијата 60 минути.
Потоа започна предизвикувачко патување за неговото семејство. Неговите родители за медиумите откриле дека по ултразвукот им било кажано дека Том нема да биде обично бебе.
– Кога го слушнавме тоа, помисливме и решивме да оставиме да биде така како што е предвидено и дека ќе се справиме со тоа – велат тие.
Тестовите и испитувањата помогнаа да се утврди сериозноста на состојбата на Том. И мајката Деби била шокирана кога новороденчето и го ставиле на градите, но вели дека сепак било „прекрасно да може да го земе во раце и да го гали“.
Лекарите немале објаснување зошто бебето се родило со толку вишок кожа, па затоа немале ниту лек ниту решение. Прво чекаа да порасне.
Но, неговата состојба била толку посебна што истражувачите решиле да му посветат време и да се обидат да ја решат оваа мистерија, па тој поминал два и пол месеци во медицинскиот центар, на преглед. Тој беше првото дете со овој проблем, а научниците мораа да почнат од нула.
Објаснувањето дојде неочекувано – им помогна една карактеристика на расата на кучиња, шар-пеј, да ги доведе до заклучок дека збрчканата кожа на Том е од истата причина – имено, нивото на хијалуронска киселина во кожата на момчето е 100 пати повисоко од нормалното.
Венди Смит, која го истражува овој вид куче, била изненадена кога лекарите од Медицинскиот центар каде што се лекувал Том ја замолиле да им помогне.
– Додека ги истражувавме кучињата, дојдовме до заклучок дека вишокот кожа кај нив се јавува поради високите концентрации на хијалуронска киселина во кожата, а мислевме дека и Том го има овој проблем. Сите ја имаме оваа желатинозна маса во нашите тела, проблемот е што Том во телото имал сто пати поголема од нормалното – објасниле лекарите.
Грижата за Том е работа со полно работно време, па затоа неговата мајка Деби се посветила на грижата за нејзиниот син.
Кожата мора да се негува и да се капе на посебен начин за да се избегнат инфекции на збрчканите места.
– Том се менуваше со текот на времето, но фасцинантно е како се снајде со сета таа кожа што му пречеше на одењето и секојдневието. Речиси никогаш не плачеше. Ја имавме поддршката од целиот наш мал град, никој не ја вртеше главата од него, сите прашуваа за Том и тоа значително ни го олесни животот – рекла мајката на момчето.
Лекарите се надевале дека, како и кај овој тип на куче, со текот на времето ова ниво на киселина ќе се намали и ќе му даде понормален изглед, а тоа се случило како што Том растел. Том сè уште има вишок кожа, но не ни приближно колку кога беше помал. Тој вели дека има пријатели кои го гледаат како еден од нив, а кога ќе се погледне во огледало вели дека гледа само „нежна и добра личност“.
– Некои дури ми велат дека изгледам кул, некои дека изгледам многу кул, некои не ми кажуваат ништо – зборуваше Том како момче.
Речиси 30 години подоцна, австралиските медиуми се обидоа да дојдат до Том и да видат како живее денес.
Том завршил факултет, се оженил и на радост на родителите денес води сосема нормален живот.