Во Романија пронајдено девојче по кое се трагаше 6 дена: Детето го заклучиле во куќа и го силувале

0
280

Девојчето (13), по која се трагаше шест дена, вчера е пронајдена во Романија во куќа на еден маж, а по лекарски преглед било утврдено дека девојчето било силувано.

Тaa, чии родители понудиле награда од 10.000 евра за каква било информација за неа, била пронајдена во градот Сигет Мармачиј, во куќата на маж (34), кого наводно го познавала од порано.

Наводно, осомничениот поседувал нејзини експлицитни фотографии и дека ја уценувал.

По шестдневно интензивно пребарување со хеликоптери, беспилотни летала и бродови, девојката случајно ја пронашол локален полицаец.

Полицаецот влегол во куќата откако локален жител пријавил дека мислел дека ја видел девојката.

Полицаец во цивил упаднал во куќата и го нашол девојчето како седи на душек на подот.

“Кога ја најдов, таа стана и истрча во моите раце. Очигледно беше дека детето е исплашено, трауматизирано. Кога ја видов, искрено, срцето ми застана. Не верував дека е таму… Бев пресреќен што ја пронајдов“, рече Флорин Чиобану, командант на станицата во Сигет.

Како што информираат од полицијата, осомничениот веднаш бил приведен.

„Се уште не знаеме дали девојката е задржана таму против нејзина волја. Не знаеме дали ја киднапирал или сама дошла.., “, рече Чобану.

Полицијата верува дека осомничениот и девојката се познавале од порано. Според некои информации тие комуницирале преку пораки. Девојката му испратила експлицитни фотографии на осомничениот, а потоа се заканил дека ќе објави се.

Првите лекарски наоди покажуваат дека девојката имала сексуален однос, но се уште не е јасно дали осомничениот ја принудил на тоа. Секако, тој е обвинет за силување, бидејќи според законот не се дозволени сексуални односи со лица помлади од 16 години, доколку има 5 години разлика во возраста.

Девојчето моментално е во болница каде добива терапија и психолошка поддршка. Според неофицијални информации, на девојката и биле констатирани повреди на двете раце.