На 13.11.2023 околу 19.30 часот во СВР Скопје, лекар од Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје пријавил дека кај нив на преглед дошла 18-годишна ученичка од средно училиште на подрачје на Карпош.
Според пријавеното, 55-годишен хаусмајстор во училиштето ја допирал по телото и таа го пријавила случајот кај психологот во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.