Tuesday, May 21, 2024
21.8 C
Skopje

(ВИДЕО) СВЕТ: ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА – Се запали училишен автобус, живи изгореа ученици и професори

-Реклама-

До несреќата дошло кога камион одзади удрил во училишен автобус, при што се запалило возилото со ученици.
Најмалку шест лица, од кои тројца студенти загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во американската држава Охајо, кога камион удри во училишен автобус. Медиумите јавуваат дека во несреќата се повредени 18 патници.

Реклама

Вкупно пет возила учествуваа во несреќата, која се случи на Interstate 70 West во округот Ликинг нешто пред 9 часот по локално време.

-Реклама-

Тројца од загинатите се ученици на локалното училиште во градот Зорвил, а тројца наставници кои се движеле со друго возило. Сите тие патуваа заедно на конференцијата на училишниот одбор во Охајо во Колумбус, а училишниот бенд беше во автобусот за да настапи на конференцијата.

-Реклама-

Беа објавени и имињата на загинатите студенти: Џон Мозли (18), Џефри Ворел (18) и Кејтлин Овенс (15). Загинатите учители се Дејв Кенат (56), Шенон Вигфилд (45) и Кристи Гејнот (39).

До несреќата дошло кога камион одзади удрил во училишен автобус, при што се запалило возилото со ученици. Се претпоставува дека 15 од 18-те повредени се малолетни, а се стравува дека меѓу нив има многу тешки повреди.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека училишниот автобус е целосно зафатен во пламен. На местото на несреќата се забележуваат густи облаци од чад, како и противпожарни возила.

Во државата Охајо знамињата се на половина копје.

– Ова е најлошиот кошмар, автобус полн со деца да доживеат сообраќајна несреќа, најлош кошмар за семејствата и за училиштето – изјави гувернерот на Охајо, Мајк ДеВајн.

Се вели дека камионот кој учествувал во несреќата е од Pioneer Trails. Тие се огласија и најавија дека „компанијата соработува со властите во обид да ја открие причината за несреќата“.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО