Tuesday, May 21, 2024
21.8 C
Skopje

Еве што вели традицијата: Кoe е вистинското време за китење на новогодишната елка?

-Реклама-

Во времето на Викторијанската ера, елките секогаш се краселе напладне пред божиќната вечер на 24 декември. Сепак, оваа традиција избледела, затоа што луѓето сакаат многу порано да започнат со китењето и радоста што тоа ја носи со себе.

Реклама

Една од традициите кај католиците е елката да се украси 12 дена пред Божиќ, односно на 13 декември. Но, за нетрпеливите и ова не е доволно брзо.

-Реклама-

Некои се одлучуваат да китат на почетокот на Адвент – четвртата недела пред Божиќ што оваа година се паѓа на 2 декември. Тоа звучи одлично за оние кои со нетрпение чекаат да украсат, а сепак сакаат да следат одредена традиција или се сентиментално врзани за одреден датум.

-Реклама-

Каква симболика има новогодишната елка во христијанството?

Преданието вели дека пред местото на раѓањето на Исус Христос растеле бор, кедрово дрво и елка.

Во знак на радоста што се родил Божјиот син, кедарот и борот му ги подариле своите плодови, а елката, бидејќи немала со што да го дарува Исус, се расплакала.

Ова го видел добриот ангел кој се сожалил над елката и ѝ симнал ѕвезда од небото која ја ставил на нејзиниот врв. Елката се свиткала и нежно ја принела ѕвездата пред бебето Исус.

Верувањето вели дека секое новогодишно дрвце треба да има украс на врвот, кој симболизира подарок за Исус Христос.

Китењето и собирањето на елката е одредено со датум, иако луѓето речиси никогаш не ги почитуваат овие датуми. Гледано од страна на Новиот завет: Елката не треба да се украсува сè до Бадник (24 декември ), а треба да се собере на 7 јануари (Водици) -според Грегоријанскиот календар.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО