Црногорската полиција уапсила државјанин на Албанија А.Х.(34) во чие возило синоќа била пронајдена поголема количина кокаин.
Според полицијата, според оперативните податоци, синоќа било проверено возило во кое биле пронајдени 18 килограми од оваа наркотична дрога.
„Синоќа, еден час по полноќ, припадници на полицијата на граничниот премин Дебели Бријег, а на влез во Црна Гора, контролирале возило марка БМВ со француски регистарски таблички управувано од А.Х.(34), државјанин на Република Албанија.
При детална проверка на возилото, во специјално направен бункер, пронајдени и одземени се 18 пакувања во кои имало прашкаста материја со бела боја, за која постои сомнение дека е наркотична дрога кокаин, со вкупна тежина од околу 18 килограми“, се вели во соопштението.