Monday, April 15, 2024
27.8 C
Skopje

Крунски доказ против мајката на момчето осомничено за масакрот во „Рибникар“

-Реклама-

Обвинението против Миљана Кецмановиќ, мајка на момчето К.К. (13), кој е осомничен за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ е потврдено. Taa се гони за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

Реклама

Клучниот доказ против неа е ДНК-трагата пронајдена на една од чаурите, што значи дека во одреден момент го држела куршумот кој бил испукан во училиштето.

-Реклама-

Миљана Кецмановиќ беше директно обвинета за неовластено поседување муниција. Нејзината неспорна ДНК трага била пронајдена на куршум, а чаурата на која била пронајдена ДНК трагата била во близина на вратата од кабинетот по историја во училиштето, во која влезе К.К., за да ги застрела соучениците.

-Реклама-

Таа доби и забрана за приближување, средба и комуникација со нејзиниот син и е предупредена дека може да и се изрече построга мерка доколку ја прекрши забраната.

Вонпроцесниот кривичен совет на Високиот суд во Белград вчера го потврди обвинението кое на 10 октомври беше покренато против Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето осомничено за масакрот.

Имено, со овој обвинителен акт обвинетиот Владимир Кечмановиќ доби кривична пријава за сторено кривично дело Тешко кривично дело против општата безбедност.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

Hello, Monetag!

- Реклама -

ПОПУЛАРНО