Филип Турето (22) од Италија, кој е обвинет дека брутално ја убил својата поранешна свршеница Џулија, а потоа и го фрлил телото од карпа пред да побегне во Германија каде што бил уапсен, за време на бегството платил гориво со крвави пари.
Случајот со бруталното убиство на младата Џулија ја шокираше не само Италија, туку и цела Европа. Девојката исчезнала на 11 ноември, а откако отишла да се сретне бившиот вереник со кој останала во добри односи.
Кобниот ден Џулија излегла од куќата околу 18 часот и влегла во своето црно фиат пунто.
Последен пат биле видени како седат во ресторан за брза храна во трговски центар во Маргера околу 20 часот, по што им се губи секаква трага. Потоа биле забележани како се расправаат во возило на паркинг. Филип и удрил шлаканица на Џулија, по што таа излегла од автомобилот, но тој тргнал со неа.
Според извори од истрагата, се верува дека Џулија Филипо потоа почнала да ја влече за хаубата и брутално да ја тепа. Додека таа паднала крвава на тротоарот, се претпоставува дека токму во тој момент смртно ја избодел со нож, а потоа и го ставил телото во багажникот на возилото и заминал.
Потоа го фрлил телото од карпа недалеку од езеро и Пијанкавала, познат ски-центар.
Следниот ден неговиот автомобил бил снимен од безбедносните камери во Австрија.
Гориво платено со крвави пари
Филип при бегството застанал на бензинска пумпа во Кортина, а во машината ставил 20 евра со траги од крв за да може да наполни гориво. Камерите го снимиле неговото црно пунто и моментот кога ги вметнува парите во машината. Следниот ден, сопственикот на пумпата, вадејќи пари од машината, видел банкнота обоена со крв.
Обдукцијата покажала дека Џулија веќе била мртва кога ја фрлил од карпата. Како што јави Анса, Џулија имала бројни длабоки убодни рани на вратот и главата, што укажува дека тие биле нанесени во гнев. Токму поради длабочината на раните, патолозите сметаат дека не било можно Џулијана да е жива долго по нападот. Нејзиното тело било пронајдено на стотици километри од местото каде што се случило убиството.
Денот на погребот на Џулија ќе биде Ден на жалост во нејзиниот град, потврдија официјални лица.