Злосторството што го шокираше Балканот: Тамара (13) беше убиена на Св. Архангел Михаил откако се обидела да помогне на пијан човек во 2005 година во Батајница

0
301

Тамара Ивановиќ (13) беше убиена на Св.Архангел Михаил од Драган Николиќ, познат како Чомбе, прободувајќи ја 19 пати во грбот и во градите.

Есента 2005 година во близина на железничката станица Шангај, кај напуштените вагони со 19 убоди со нож била убиена тринаесетгодишната Тамара Ивановиќ. Тамара тој 21 ноември се враќала дома од училиште, видела човек како лежи на земја и сакала да му помогне.

Не знаела дека му дава помош на монструмот Драган Николиќ (52). Ја избол со кујнски нож во грбот и во срцето. Од Тамара ги зел мобилниот телефон и следниот ден го продал за 1.000 динари. По убиството, извалкан со крв, отишол да пие. Се вратил кај имасакрираното тело и влегол во еден од вагоните, ја исчистил гардеробата од крв и легнал да спие.