(ВИДЕО) Панчо од „ДНК“: „Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам музика во студентски дом, местото има поубава енергија од најскапите локали низ Македонија“

0
219

Познатиот музичар и диџеј Панчо од дуото ДНК е познат меѓудругото и по својот искрен став кој многупати го искажува и јавно на социјалните мрежи.

Овојпат, станува збор за неговит настап во студентскиот дом „Пелагонија“.

Имено, како што објави македонскиот артист, очигледно е дека имало негативни коментари за неговата одлука па тој се обрати на публиката со овие зборови: „Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом….. Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место.“

Во продолжение ви ја пренесуваме неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук во целост: