Tuesday, December 10, 2024
17.8 C
Skopje

КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ СРЕЌА И ПАРИ: Фенг шуи трикови за китење елка и празнично украсување на домот

-Реклама-

Ако вашата новогодишна елка е во северниот дел од собата, никако не ставајте ѝ црвени лампиони и украси!

Реклама

Оние кои веруваат во фенг шуи тврдат дека ако сакаме да имаме хармонична година, тогаш елката треба да ја поставиме во горниот лев агол од домот бидејќи тоа место „привлекува богатство“. Ако ја поставите пак, елката во центарот на собата, ќе ја стабилизирате енергијата. Од друга страна, не треба да ставате елка во близина на влезната врата или во ходникот, бидејќи тоа го блокира протокот на животната енергија.

-Реклама-

Приврзаниците за фенг шуи понатаму тврдат дека елката треба да биде украсена со стаклени украси во сина, бела, сребрена и златна боја доколку елката се наоѓа во северниот дел од домот, додека елката поставена на запад или северозапад треба да биде украсена со украси во бела, сребрена, златна или жолта боја, а предупредуваат дека црвената боја во овој случај е забранета.

-Реклама-

Доколку сте решиле да поставите елка во југозападниот или североисточниот дел од собата, украсете ја со украси во црвена и жолта боја, а пожелно е тие да бидат керамички, а треба да ја избегнувате белата и сребрена боја.

Она што е особено важно е секој член од семејството да закачи на елката барем по еден украс, зашто така ќе си постави и сопствена енергија.

Што се однесува пак, до декорација на домот – добро би било да доминира зелената боја, особено нејзината темна нијанса, бидејќи ќе ја впие негативната енергија, вклучувајќи ја и нервозата, а ќе штити од кавги во домот. Па така, без разлика дали ќе се одлучите за покривки за маса, венчиња, свеќи или фигури, темнозелената боја е секогаш одличен избор за разубавување на просторот и истовремено привлекување позитивна енергија и среќа.

Не избегнувајте сјајни и блескави украси – тие симболизираат слава и престиж, а светилките симболично го претставуваат огнот, што значи придонесуваат за добро здравје.

Украсите – ангели пак, треба да ги поставите лево од влезната врата. На тој начин ќе обезбедите помош од драги луѓе.

Во десниот агол пак, спротивен од влезната врата, ставете две миризливи свеќи или украсни свеќи. На тој начин ќе си обезбедите празнични денови полни со љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќи кои привлекуваат љубов се розова и црвена.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО