Tuesday, February 27, 2024
14.8 C
Skopje
spot_img

(ВИДЕО) Бугарија прогласи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Три лица загинаа во снежното невреме

-Реклама-

Две лица загинаа во Бугарија, а едно во Молдавија, како последица на снежното невреме што ја зафати Бугарија, Молдавија и Романија. Бугарија прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата, а силниот снег и снежната бура доведоа до прекин на електричната енергија во некои делови, главно на североистокот на Бугарија.

Реклама
-Реклама-

-Реклама-

Станува збор за 1.000 домаќинства, рече премиерот Николај Денков. Две лица загинаа во сообраќајни несреќи поради обилните снежни врнежи и силниот ветер, а затворени се и некои патишта. Во Молдавија, 40-годишен возач загина кога неговиот автомобил излетал од лизгав пат и удрил во дрво, јави Euronews.

„Упорно апелираме до возачите да не одат на пат доколку немаат соодветна опрема и да возат полека“, соопшти молдавската полиција на Телеграм. Во Романија е издаден црвен метеоролошки аларм за окрузите Констанца, Тулчеа, Галати и Браила, каде ветерот дува до 100 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО