Млекото од куркума, на индиски – haldi doodh, е еден од најпопуларните напивки за зајакнување на имунитетот, лекување настинки, грип, а се користи и за артритис и воспаление.
Главната состојка на ова златно млеко е куркумата, која има повеќе од 150 потенцијално тераписки функции, а богата е со антиоксидансни, противвоспалителни и антиканцерогени својства.
Подготовка на златното млеко:
1 чекор – Паста од куркума
Состојки: ¼ шолја куркума во прав, ½ лажица мелен бибер, ½ шолја филтрирана вода
Подготовка: Помешајте ги сите состојки во сад за варење на средна јачина. По неколку минути мешање треба да добиете густа паста. Оставете ја смесата да се олади, а потоа чувајте ја во мала тегла во ладилник.
2 чекор – Златно млеко
Состојки: 1 шолја бадемово млеко (кокосовото или домашното кравјо млеко cе одлична алтернатива), 1 лажица кокосово масло, ½ лажичка паста од куркума и мед.
Подготовка: Комбинирајте ги сите состојки освен медот во сад за варење. Додека го загревате млекото со маслото и пастата, не дозволувајте да зоврие. На крај, додајте мед по желба.
Зошто е добро златното млеко?
Постојат неколку причини зошто ова млеко се користи уште од античко време во различни култури. Куркумата, која има силно антиоксидативно дејство, ги должи нејзините многубројни придобивки. Содржи и протеини, магнезиум, калиум и калциум. Еве некои од најважните придобивки од златното млеко:
1. Го намалува воспалението и болките во зглобовите
Сите состојки во пијалокот имаат силно антиинфламаторно дејство. Тие исто така можат да ја намалат болката во зглобовите што предизвикува состојби како што се остеоартритис и ревматоиден артритис.
2. Го подобрува расположението
Поради куркуминот, главната состојка во куркумата, златното млеко може да го подобри расположението и да ги намали симптомите на депресија. Покрај тоа, куркуминот ја подобрува меморијата, а кога се зема во поголеми количини, може да го намали ризикот од деменција или Алцхајмерова болест.
3. Има антибактериски, антивирусни и антигабични својства
Во Индија златното млеко се користи како лек за разни болести, настинки или грип. Исто така, познато е дека го зајакнува имунитетот. За тоа се должи и куркумата, но и циметот кој го спречува развојот на бактерии, како и ѓумбирот кој се користи и кај разни инфекции.
4. Добар е за варење
Ѓумбирот влијае на варењето така што го стимулира да делува, а куркумата позитивно влијае и на варењето.
5. Го намалува високиот крвен притисок
Поради циметот и ѓумбирот, златното млеко може да го намали крвниот притисок. Го намалува и ризикот од срцев удар.
6. Го подобрува здравјето на коските
Млекото содржи калциум и витамин Д, кои се познати како состојки кои позитивно влијаат на развојот и здравјето на коските.
Сепак, иако овие состојки имаат добар ефект врз телото, потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат овие придобивки.