Поминаа повеќе од 24 часа од исчезнувањето на 14-годдишната Вања, а се уште нема ни трага ни глас од девојчето.
Вчера мајката на исчезнатото девојче преку социјалната мрежа не Фејсбук повика за помош за пронаоѓање, а исто така случајот го пријавила во полиција, но засега нема никаква трага ни глас од нејзе.
-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, објави мајката на Вања.
Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а се проверуваа и снимките од безбедносните камери.
Од МВР соопштуваат и дека извршени се информативни разговори со лица блиски на малолетничката. До јавноста се апелира да биде внимателна и да не се шират дезинформации.