Дали ви пречат ниските температури? Тогаш дозволете им на овие зимски фотографии да направат да ви биде мило што сте се родиле во 21-виот век. Зимите во минатото биле многу посурови од денешните.
Во Скопје под чудни околности во 1955/56 година без престан паѓало снег 105 дена. За оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку се сеќаваат старите жители. Радијата секојдневно најавувале нови врнежи на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56.
Мажите секојдневно ги чистеле улиците за да можат да одат на работа, а секое утро се зголемувале сантиметрите на ново паднатиот снег.
Моркови, копчиња, стара метла, снег и Снешко Белиќ е тука. Секој двор го имаше омиленот „леден чичко“ барем еднаш во текот на зимата. Сепак, љубителите на снежната магија не се воздржуваат да ги прават по паркови, па дури и по тротоари… Така барем беше во Белград во 80-тите години на минатиот век.
Кај нас можеби ретко се случува, но во некои држави редовно објавуваат вонредна состојба за снежни денови. Тоа значи откажување на училиштето поради паднатиот снег. Но овие ученици од Алјаска фотографирани во 1910-та година го немале овој луксуз.