Tuesday, February 27, 2024
14.8 C
Skopje
spot_img

ЈСП утре и задутре со изменет режим на сообраќај, неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради самитот на ОБСЕ

-Реклама-

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Реклама
-Реклама-

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

-Реклама-

Во петок (1.12.2023 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.

РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Утре, среда (29.11.2023 год) автобусите ќе возат вообичаено, согласно со важечкиот возен ред (делничен зимен), а во четврток (30.11.2023 год) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Почнувајќи од утре, среда (29.11.2023 год) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.

Траси на движење

Линии 8 и 15А

од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118

од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПРОДАЖНИ МЕСТА

Утре, среда (29.11.2023 год) сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6.30 до 13 часот, а в четврток (30.11.2023 год) за сите ќе биде неработен ден, соопштуваат од ЈСП- Скопје.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО