Родители однеле починато бебе во неготинската Итна медицинска помош, соопштија денеска од СВР Велес.
„Вчера во 09 часот во ОВР Неготино, од Итна медицинска помош Неготино пријавиле дека кај нив од родителите било донесено неколкумесечно бебе од Неготино без знаци на живот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, известија од СВР Велес.