Friday, February 23, 2024
13.8 C
Skopje
spot_img

Вистински температурен шок во Македонија: Големо затоплување на првиот ден од декември!

-Реклама-

На првиот ден од декември, најавуваме краткотрајно поголемо затоплување на времето, но потоа најголем дел од континентот и Балканот под нов голем продор на поларниот вртлог. Овој продор ќе донесе и многу снег низ Европа и регионот, но дали и кај нас? Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатами и дали токму ова ќе се оствари – објави метеорологот Славчо Попоски.

Реклама
-Реклама-

Инаку, во текот на денешниот ден, како што најави тој, започнуваат нови врнежи.

-Реклама-

„На пониските места (градовите) тие ќе бидат претежно од дожд, иако на почетокот не се исклучува можноста тие да бидат од снег, но подоцна ќе преминуваат во дожд. На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег.

Обилни врнежи ќе има во западните предели, таму локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). На планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до понатамошно зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час). Во Скопје и околината со овој бран врнежите ќе бидат од дожд, на околните планини ќе има врнежи од снег, иако и во котлината наутро не се исклучува можноста за појава на по некоја снегулка. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Потоа во среда врнежите ќе бидат слаби и локални. Во четврток и петок времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека нови врнежи ќе имаме за време на викендот. Се на се, долготрајна стабилизација на времето кај нас не се очекува. Често ќе бидеме под влијание на циклони кој ќе условуваат чести и обилни врнежи од дожд и снег.

Во следниот период како минималните, така и максималните температури ќе бележат тенденција на позначителен пораст, и тоа поради јужното воздушно струење и потоплата воздушна маса од југ. Температурите преку ден на повеќе места ќе се искачуваат до околу, а во централните и во југоисточните предели и над 10 степени.

Да напоменеме дека со овој циклон, повторно можни се проблеми во во сообраќајот поради очекуваните обилни снежни врнежи на планинските превои, затоа на возачите им препорачуваме утре да бидат крајно внимателни!“ објави Попоски.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО