Monday, September 9, 2024
17.8 C
Skopje

Денеска е Св. Григориј Чудотворец: Се исполнуваат сите желби ако го направите ова!

-Реклама-

Денеска е Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски.

Реклама

Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи. Славата за него се пронесе насекаде и Федим, епископот Амасиски, сакаше да го посвети за епископ Кесариски. Проѕорливиот Григориј ја забележа Федимовата намера, па се криеше по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле Федим го посвети на чудесен начин и Григориј мораше да ја прими архипастирската служба. Му се јави Пресвета Богородица со Св. Јован Богослов и на заповед од Богородица Св. Јован му го предаде Симболот на Верата познат под името Григориев. Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедаше на злите духови, заповедаше над горите и над водите, ги лечеше сите маки и болести, пред гонителите стануваше невидлив, ги проѕираше на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го заврши во 270 година, во длабока старост. Кога дојде за епископ во Кесарија го затекна сиот град незнабожечки и само седумнаесет христијани во него. А кога си заминуваше од овој живот го остави сиот град христијански, а само седумнаесет незнабожци во него. За ова прими венец на слава од својот Господ.

-Реклама-

Според верувањата, свети Григориј им заповедал на зли духови, планини и води, лекувал маки и болести, бил невидлив за оние што го гонеле и можел да предвидува настани и да ги чита мислите на луѓето. Обичајот кој живее до денес е поврзан со црквата и молитвата. Кој му се моли на свети Григориј Чудотворец и запали свеќа, нека си замисли една желба. Ако неговата молитва била искрена и длабока, се верува дека овој светител ќе му ја исполни желбата. Исто така, се верува дека ако неверникот ги чита списите на Григориј на овој ден, тој ќе стане верник.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО