Интерпол распиша меѓународна потерница по исчезнатата Вања Ѓорчевска

0
256

Министерството за внатрешни работи информираше дека Интерпол распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага.

Вања исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало.

„Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол. Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето“, соопшти МВР.