Емотивно видео објавено неодамна го покажува моментот кога неодамна ослободената Миа Шем во солзи се обединува со своето семејство по 55 дена заробеништво во Газа.
Шем беше ослободена во четвртокот, откако во последен момент беше продолжен договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Mia & Karen Schem hug for the first time since she was taken hostage. pic.twitter.com/YSvutOj9oo
— Mike Tobin (@MikeTobinFox) November 30, 2023
Шем може да се види како ја гушка својата мајка Керен за прв пат по нејзиното киднапирање на 7 октомври.
Таа се појави во вознемирувачко видео објавено од терористичката група во кое вели дека била оперирана на раката додека била затвореничка во Газа.
The mother of Mia Shem receives the news her daughter is free from Hamas captivity. pic.twitter.com/xbZXLXeHC0
— Joe Truzman (@JoeTruzman) November 30, 2023
Претходно, мајката на Миа се расплакала кога ѝ било соопштено дека нејзината ќерка е ослободена од заробеништво на Хамас.