Загадениот воздух од синоќа ја зафати македонската метропола при што загаденоста продолжи и утринава.
Според податоците на интернет страницата IQAir од 9 часот утринава, Скопје е на 6-то место во светот според загаденоста на воздухот.
Измерениот индекс на загаденоста е 161, што повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за дишење.
Препораката што се дава до граѓаните е да се носи заштитна маска, да не се спортува надвор, а во домовите да не се отвораат прозорците.