Tuesday, October 1, 2024
17.8 C
Skopje

Денеска се слави овој голем маченик и светец: За спас на душата денес направете го ова!

-Реклама-

Денес го славиме Светиот маченик Платон

Реклама

Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Хиста, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на мртви твари наместо на живиот Создател. Заради ова беше изведен на суд пред началникот Агрипин и беше многу малтретиран и мачен од него. Кога началникот почна да го советува да ја избегне смртта и да си го зачува животот поклонувајќи им се на идолите, Платон му одговори: „Има две смрти, привремена и вечна, но има и два животи, едниот е краткотраен, другиот пак бесконечен“. Тогаш Агрипин го удри на страшни маки. Меѓу другото нареди и му полагаа усвитени железни ѓулиња на разголеното тело; потоа од кожата му лупеа каиши. Маченикот му довикнуваше на мачителот: „Мачи ме уште посвирепо, за јасно да се види твојата бесчовечност и моето трпение“. Кога мачителот му го спомна на маченикот философот Платон како незнабожен философ, маченикот му рече: „Ниту јас сум му сличен на Платон ниту тој мене, освен по името. Јас поучувам и се учам на мудроста Христова, а тој е учител на онаа мудрост којашто пред Бога е лудост“. Потоа беше фрлен во затвор, каде што помина без храна и вода осумнаесет дена. Кога стражарите се восхитија дека може да живее гладувајќи толку долго, Платон им рече: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“. Најпосле го убија со меч околу 266 година, кога прими венец на маченичка слава.

-Реклама-

Бидете упорни во верата, како Платон, бидејќи само вистинската и искрена вера носи спасение.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО