Saturday, February 24, 2024
13.8 C
Skopje
spot_img

Спасовски за исчезнатата Вања: „Се пребаруваше Вардар, подруми, цркви и тука нема да се застане потрагата“

-Реклама-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште.

Реклама
-Реклама-

Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето.

-Реклама-

– Се пребаруваше и речното корито на Вардар, се пребаруваат сите подрумските простори не само во околината, туку и пошироко. Се работеше и на добивање податоци од црквите и манастирите во околината на Скопје и тука нема да се застане, интензивно се работи, рече Спасовски.

Им се заблагодари и на медиумите за објективното информирање и борбата против лажните вести кои се шират на социјалните медиуми.

Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот Партизански одреди.

МВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол. За неа информираа и дел од медиумите во регионот.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО