Овој едноставен трик ќе ви заштеди многу пари
Навидум наједноставните трикови можат да ви помогнат и да ви го олеснат секојдневниот живот.
Никогаш веќе нема да ги фрлате овошјето и зеленчукот затоа што брзо ви скапале!
Повеќето од нас го користат сунѓерот исклучиво за миење садови. Но овој обичен предмет има неколку други намени во кујната. На пример, многумина не знаат зошто треба да го чувате во фрижидерот. Звучи чудно, но за момент ќе сфатите зошто овој трик навистина има смисла.
Па зошто да го ставите сунѓерот во фрижидер? Благодарение на својата структура и својства, одлично впива влага и миризби. Само ставете по еден на секоја полица за да го спречите насобирањето вода на производите во фрижидерот. Овој предмет, исто така, може да ви помогне да го решите проблемот со непријатниот мирис во фрижидерот.
Имено, на овој начин, вишокот влага ќе се апсорбира во сунѓерите, а овошјето и зеленчукот нема да скапуваат со голема брзина, па нема да мора да ги фрлате пред да ги употребите.
Само запомнете дека треба да ставите нов, чист и сув сунѓер во фрижидерот. Колку што е поголема неговата површина, толку подобро. Би требало да се менува на секои неколку дена, особено ако забележите дека е влажен или дека му се променил изгледот.
Важно е тоа што не мора да го фрлате искористениот сунѓер. Само дезинфицирајте го и оставете го да се исуши. Тоа можете да го направите така што ќе