Monday, September 9, 2024
17.8 C
Skopje

Игор Јуриќ: „Смртта на Вања не смее да биде залудна, ако ништо не се промени Македонија не треба да постои како држава!“

-Реклама-

По повод убиството на малата Вања, основачот на српската фондација „Тијана Јуриќ“, Игор Јуриќ изјави дека како татко чија ќерка доживеала слична судбина бил длабоко потресен, и дека тој следел се што се случувало од ден на ден во врска со потрагата по девојчето.

Реклама

Тој гостуваше во утринската програма на телевизијата К1 каде го изнесе својот став околу убиството на 14-годишната Вања која не само што ја потресе Македонија, туку го шокираше и целиот регион.

-Реклама-

„Потребно е да се организира протест на родителите, не по прашањето за смртна казна бидејќи тоа нема да го реши проблемот, тука е виновен целиот систем, директната одговорност е на самиот систем, рече Јуриќ па додаде: “Македонија има огромна обврска спрема ова дете. Смртта на Вања не смее да биде залудна, затоа што ако ова се премолчи и ако не се случи ништо и не се приведат виновниците за заштитата на овој монструм, тогаш таа држава не треба да постои.“

-Реклама-

Игор потоа се обрати до македонската јавност: „Не смеете да и останете должни на Вања, мора нешто да се промени. Мора да го вратите долгот на Вања затоа што таа не беше спасена и затоа што и се случи ова, некои работи треба да се сменат од корен, и во потрагата за исчезнати деца а особено се потребни системски промени, ова го поpачувам на целиот регион“, заклучи Игро Јуриќ.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО