Според обвинителството во Мајами, објавени се ужасните фотографии снимени со камера во спалната соба на една мајка пред да биде убиена од нејзиниот 13-годишен син.
Шокантниот материјал што го објавија американските медиуми вклучува слики снимени од монитор за бебиња во собата на Ирина Гарсија вечерта на 12 октомври. Оваа жена (39) 14 дена порано родила девојче кое исто така се појавува на видеото, бидејќи кобната ноќ нејзиното креветче било до креветот на нејзината мајка.
На една од фотографиите, направена во 22 часот и 23 минути таа вечер, Гарсија се појавува во нејзиниот кревет со нејзиното новородено девојче во рацете.
Само 40 минути подоцна, во 23 часот, камерата за монитор за бебиња ја снимила просторијата со исклучени светла. Бебето сега е во креветчето, а над жената која спие во креветот заканувачки стои тинејџерот нДерек Роза, кој половина час подоцна ќе се јави на 911 за да го признае својот грозоморен чин.
Обвинителите кои го објавија материјалот се уште не ја прецизираа неговата содржина. Меѓутоа, сликите објавени од „Њујорк пост“ вклучуваат и шокантно селфи за кое се верува дека 13-годишното момче му го испратило на пријател по бруталното злосторство.
Тинејџерот лежерно позира со подигнат јазик, правејќи гест, а на неговата рака се гледа црвена материја, веројатно крвта на неговата мајка.
Доказите вклучуваат и фотографии од нож со розова рачка што се чини дека е покриена со крв и најверојатно е оружјето за злосторството.
За време на повикот до 911 ноќта на убиството, Роза признал дека ја убил мајка си и фактот дека потоа ја испратил фотографијата на пријател. 13-годишното момче, наводно му рекол на операторот дека првично имал намера да се убие со пиштол што го имал дома, но на крајот одлучил дека не сака да го прави тоа.
Ноќта на злосторството, сопругот на Гарсија и очувот на осомничениот, кој е возач на камион, отсуствувал на работа. Бебето кое лежело во креветчето додека мајката била убиена веднаш до неа е живо и здраво.
Тинејџерот минатиот месец се изјасни за невин за убиството на својата мајка и треба да му се суди како возрасен.