(ВИДЕО) Ужас во Русија: Ученичка пукала во училиште, па се самоубила

0
218

Во рускиот град Брјанск дошло до пукање во училиште во кое се повредени тројца ученици, додека ученичката која го извршила нападот се самоубила.

Ова го пренесува Тасс повикувајќи се на соопштението за печатот на регионалниот огранок на руското Министерство за внатрешни работи.

„Според првичните информации, ученикот донел огнено оружје во училиштето и испукал неколку истрели, по што три лица се повредени. Девојката која го извршила нападот се самоубила“, соопштија од полицијата, додавајќи дека мотивите и околностите на инцидентот се истражуваат.

Полицијата во моментов е на местото на злосторството, додека оперативните служби претходно соопштија дека девојчето е осмо одделение и дека во престрелката го користела пиштолот на нејзиниот татко.