Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва објави фотографија на својот фејсбук профил.
„Прво селфи на слобода после повеќе од 4 години! Господ напомош, прво и најважно здравје па потоа се ќе си дојде на свое место! Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови за целиот изминат пеколен период“, напиша Боки 13 во описот на фотографијата.
Јовановски од петокот е на слобода. Тој беше осуден во предметот Рекет.