Tuesday, October 1, 2024
17.8 C
Skopje

Обдукцијата покажа од што угинала последната жирафа во скопската ЗОО

-Реклама-

Скопската Зоолошка градина преку соопштение обелодени од што угина жирафата Флопи. Од таму велат дека причината е малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

Реклама

-Само што ги добивме официјалните резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на нашиот Флопи, како што ветивме, веднаш транспарентно и одговорно ги споделуваме со целата јавност.

-Реклама-

27.11. 2023 година беше за нас трагичен ден, прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа.

-Реклама-

Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.

Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импосетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување, велат од Зоо Скопје.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО