Обландите се старински колач што се прави од евтини состојки, а не постои некој што не ги сака. Секоја домаќинка во поранешна Југославија имала свој рецепт за обланди, а ние ви предлагаме да ги направите со чоколадо, бидејќи тоа е вкус што го сакаат сите.
Ова е проверен рецепт и не постои шанса да не ви успеат, а обландите се одличен десерт за сервирање за слава, Нова година, Божиќ, но и за секој ден. Уживајте.
Состојки:
– 5 јајца
– 250 грама шеќер
– 200 грама чоколадо за готвење
– 250 грама путер
– обланди
Подготовка:
Јајцата изматете ги со шеќер, па готвејќи на тивок оган направете фил. Ќе знаете дека филот е готов кога ќе поминете со лажицата и ќе остане траг на дното. Тргнете го шпорет и додајте го чоколадото, па мешајте додека сè убаво не се соедини. Изматете го путерот, кој претходно стоел на собна температура и постепено додавајте го во филот, па матете со миксер.
Намачкајте ги обландите со филот, па завиткајте ги во целофан (фолија) и ставете нешто тврдо одозгора, па оставете ги да се стегнат на ладно. Исечете ги обландите со чоколадо и послужете.