Перо Антиќ ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“
Поранешниот познат кошаркар, а сега претседател на Кошаркарскиот сојуз на Македонија, Перо Антиќ, неодамна се приклучи на групата истакнати спортисти кои јавно ја поддржуваат листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“.
Оваа вест го привлече вниманието на јавноста откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил сподели видео во кое Антиќ го кажува својот став.
Антиќ во видеото ја истакнува паралелата меѓу кошарката и политиката, посочувајќи дека во кошарката навивачите се моќ, додека во политиката народот е моќта што го поддржува лидерот.