Почина Дана Прелиќ, професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Професорче наша премногу ќе ни недостасувате на сите….плаче ПМФ за вас….“, „Убавите луѓе си заминуваат… Патувај Дана, до некое следно видување…“, „Ќе те паметиме по ведриот и весел дух, по прекрасната харизма и позитивна енергија, по прекрасната насмевка, добрина и човечност.“, се само дел од емотивните објави кои се постираат на нејзиниот фејсбук-профил.
Од проф. д-р Прелиќ се прости и Бранка Костиќ-Марковиќ, етномузиколог и уметнички раководител на НУ Танец, но и долгогодишно познато ТВ лице, музички новинар и автор на емисијата „Астрорум“.
„Почивај во мир, драга, Никогаш нема да ја заборавам нашата меѓусебна почит. Нека ти е вечна славата и нека биде утеха за твоите најмили“, напиша таа.
Професорката Прелиќ беше една од водечките македонски активистки за правата на животните.
Родена е во Прага.