Сите се подготвуваме за радосните празници кога сè е накитено и весело и секој е со своето семејството и најблиските.
Новата година веќе се ближи, па сите размислуваме што ќе има на трпезата. Припремете си празнична трпеза со вкусни и квалитетни производи, која ќе го израдува целото семејство.
Осоговски веќе 30 години ви нудат најквалитетни и здрави млечни прозиводи кои го содржат традиционалниот вкус!
Тие располагаат со најразлични видови на производи кои се комбинираат во многубројни специјалитети погодни за сечиј вкус.
Она што е сигурно, е дека ниту една празнична трпеза не поминува без кифлички, затоа ви носиме рецепт за највкусните кифлички подготвени со Осоговски путер.
Во млако млеко и јогурт го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои. Во друг сад ги мешаме маслото, шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место да нарасне.
Нараснатото тесто го делиме на осум дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 45 см. и го премачкуваме со Осоговски путер. Од осумте топки треба да добиеме две теста. Значи по четири кори лепиме со Осоговски путер. Секое тесто се расукува, сечеме, во средината додаваме од највкусното Осоговско сирење, и потоа формираме кифлички.
Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути. Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам. На крај, на секоја кифличка ставаме мало парче Осоговски путер. Ги печеме на 220 степени околу дваесет до половина час.
Вистинскиот вкус се препознава, дури и во наједноставните рецепти!