Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во село Кобишњица во близина на Неготин, Србија, загинала бремената М.Р.(17). Неколку часа по неа, како последица од оваа несреќа загинал и нејзиниот вонбрачен партнер Светислав С.(19).
Според неофицијални информации на „Нова.ра“, несреќата се случила синоќа околу 21:00 часот, кога патничкото возило управувано од Светислав С. се излизгало од патот.
Малолетничката била бремена во седмиот месец. Лекарите се обидоа да го спасат бебето, но не успеајa.