18-годишно момче и 52-годишна жена загинаа во страшна сообраќајна несреќа која се случи во централна Грција

0
276

Страшен директен судир со две жртви е епилогот од трагичната сообраќајна несреќа која се случила рано утрово во централна Грција. Во шокантната несреќа трагично загинаа двајцата возачи, 18-годишно момче и 52-годишна жена.

Несреќата се случила кога нешто после 7.30 часот, еден од возачите од засега непозната причина изгубил контрола над возилото и преминал в спротивната лента, при што дошло до директен судир со второто возило. Според непотврдени информации, на возилото кое ја предизвикало несреќата му пукнала гума.

Двете лица се извлечени мртви од страшниот судир, додека на местото на настанот пристигнале три возила на противпожарната служба со девет пожарникари.

Веднаш по судирот, двете возила се запалиле.