Изговорете ја оваа молитва наутро – ќе ви го даде потребниот мир и спокој

0
327

Денес изговорете ги овие молитви, едната пред јадење, другата после јадење. Доколку сте верник, молитвата ќе ви го даде потребниот мир и спокој.

Пред појадок
Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Пресвета Троице помилуј нас, Господи исчисти ги нашите гревови, Владико опрости ги беззаконитостите наши, Свети, посети ги и исцели ги немоќите наши, во името Твое.

После појадок
Достојно е, навистина е достојно да те наречеме Тебе Богородице, секогаш благословена и блажена мајка на нашиот Бог. Тебе ние те величиме. Со молитвите на нашите Свети Отци, Господе Исусе Христе, Боже наш, помилуј нас. Амин.