Никој не сака да го дочека непријатен мирис штом ќе ја отвори вратата од својот дом или стан, а еве како можете да се ослободите од непријатниот мирис на чевлите без да потрошите многу пари.
Се што ви треба се ќесички чај. Земете ќесички од било кој вид чај, ставете ги во чевлите и оставете ги преку ноќ на топло и суво место.
Колку подолго ги чувате во чевлите, толку поефикасно ќе биде сузбивањето на непријатните мириси.
Освен што ќе ги потиснете непријатните мириси, можете и да ја протресете содржината од кесата во почвата на цвеќето, што ќе ги оплоди и ќе ги натера цвеќињата да ги добијат потребните хранливи материи.