Грчката полиција трага по двајца државјани на Албанија, кои се осомничени дека во Атина бил дел од инцидент во кој едниот застрелал три момчиња.
Безбедносните камери го снимиле моментот кога еден од напаѓачите извадил пиштол и ги застрелал момчињата во глава. Се се случувало пред клуб, пред бројни сведоци.
Осомничените излегле од луксузниот „ренџ ровер“ и се доближиле до групата која стоела на улицата и оттаму започнала тепачката. Во еден момент осомничените во придружба на тројца од групата се упатуваат кон нивното возило. Потоа избива тепачка, а неколку секунди подоцна, пред бројни сведоци, еден од осомничените вади пиштол и почнува да пука.
⚠️Αλβανοί μπράβοι οι δράστες που πυροβόλησαν τους τρεις Κρητικούς στο Γκάζι.
Η στιγμή των πυροβολισμών!👇Telegram: https://t.co/dwIzvq26gH#Γκαζι pic.twitter.com/6HPDhZmusL
— Καθίκι (@KYTKYTKYTKYTKYT) December 17, 2023
Според медиумите, едно од младите е во критична состојба, додека другите двајца се стабилни.