(ВИДЕО) Пукање на факултет во Прага: Има мртви и ранети, полицијата го ликвидирала напаѓачот

0
194

Полицијата во Прага официјално потврди „неколку жртви“ во инцидентот.

Градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода рече:

„Отсекогаш верувавме дека такви терористички напади се случуваат во Соединетите Држави, но сега се чини дека се соочуваме и со предизвици со осамени стрелци“.

Според последните информации, лицето кое го започнало пукањето е убиено.

„Стрелачот е елиминиран!!! Целата зграда во моментов е евакуирана, а на лице место има неколку мртви и десетици повредени“, објави полицијата на социјалната мрежа Твитер/Икс.