Од 25 до 27 декември, во скопски Аеродром во паркот Авионче ќе биде организиран тридневен новогодишен фестивал – „Новогодишна Бајка“.
Фестивалот ќе понуди неверојатна забава за сите генерации!
Оваа година ќе настапат: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.
Освен во одличната музика, ќе може да уживате и во вкусна храна и пијалоци како и во различни производи од новогодишниот базар.
И секако, за најмладите ќе има најразлични забавни активности.
Нека оваа 2023 година заврши со смеа, дружба и забава!