Monday, September 9, 2024
17.8 C
Skopje

Три нешта кои мора да ги направите пред Нова година

-Реклама-

Во Новата година се влегува на најубав можен начин, а еве што треба да направите за себе уште денес…

Реклама

Новогодишните одлуки често остануваат само букви на хартија кои во нас уште од првиот миг може да предизвикаат чувство на неуспех и незадоволство од самите себе си. Токму заради тоа, заборавете на депресивната листа на одлуки и во Новата година влезете на најпозитивниот начин и тоа со трите најубави нешта што можете да ги направите за себе.

-Реклама-

Листа на вашите најголеми достигнувања во минатата година
Листата на одлуки за влез во Новата година немора секогаш да го содржи она што сте го направиле погрешно или пак целите што не сте ги оствариле (а сте требале). Напротив списокот треба да го направите така што ќе бидете горди на сопствените успеси во годината што е во заминување.

-Реклама-

Потсетете се на сите препреки што сте ги прескокнале со голема храброст, со солзи или пак со насмевка на лицето (дури и кога не излегло се како што сте сакале). Потсетете се што се сте направиле за некој друг (пријатели, членови на семејството или колегите). Потсетете се колку пати успешно сте ги решиле сите задачи, како и малите и големите животни проблеми и храбро сте продолжиле понатаму.

Листа на нештата за кои сте благодарни
Нова година е времето кога размислуваме што мораме да промениме во животот. Но, пред да тргнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе бидете горди.

Ако сте станале, мајка или тетка или ако вие и вашето семејство сте биле здрави, ако сте запознале некоја квалитетна личност или сте го обновиле старото пријателство, ако сте имале квалитетна работна година, тогаш имате за што да бидете благодарни. Направете листа на нештата што ви се случиле минатата година, на кои можете да бидете благодарни и гордо насмевнете се.

Листа на нештата на кои им се радувате за следната година
Иако иднината не можеме да ја „прочитаме“, постојат планови за следната година што свесно или несвесно веќе сме ги направиле. Запишете барем 5 нешта (мали или големи) што едвај чекате да ги реализирате во Новата година.

Се радувате за венчавката на вашата драга пријателка (или пак на организацијата на сопственото). Се радувате на излегувањето на продолжението на вашиот омилен филм или серија или пак на толку очекуваната диплома. Планирате патување за годишниот одмор или едвај чекате да дојде пролет за да го уредите балконот или градината.

Ова се само некои од ситниците што можеби нема секогаш да одат по план, но вам и самата помисла на тоа ви мами насмевка.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО