Новогодишна трпеза – разновидна, шарена, раскошна, волшебна, празнична, различна од другите! Античките народи верувале дека богатиот оброк и разновидните јадења на трпезата носат просперитет и среќа во новата година. Храната е составен дел од празничната идила и еуфорија. Некако празниците и убавите моменти ги поврзуваме со мирисот на храната од кујната на мајка и баба.
Но, целта на поставувањето на богата новогодишна трпеза не е само да не нахрани, туку секое јадење треба внимателно да се одбере бидејќи со себе носи одредена симболика на среќа, напредок и благосостојба.
Грозје
Грозјето пред се е симбол на здравје и сила, па затоа се препорачува после полноќ да изедете точно 12 зрна грозје, по едно за секој месец, за да бидете здрави секој месец во наредната година.
Риба
Бидејќи Божиќните пости продолжуваат и на новогодишната ноќ, на вашата трпеза треба да има риба. Освен тоа, симболизира непречено движење, движење без пречки, па навестува лесна година во која ќе „пливаат“ сите работи.
Торта
Поради самата структура, која содржи многу шеќер, колачот е симбол на сладост. Погрижете се вашата торта да биде направена од што е можно побогати состојки за да има што повеќе сладост во наредната година.
Свинско месо
Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.
Зелена салата
Поради својата зелена боја ја симболизира хармонијата на природата и среќата како и долговечноста.
Заборавете на пилешкото
Она што апсолутно не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од пердувести животни, бидејќи имаат крилја, па ја симболизираат среќата што заминува.