Состојки за две порции:
1,5 шолја млеко
1 шолја црвено вино
1/3 шолја сечкано црно чоколадо
Начин на подготовка:
Во сад соединете млеко и чоколадо и ставете на шпорет на средна температура.
Постојано мешајте додека чоколадото во целост не се растопи, и додека не добиете густо чоколадно млеко. Ставете вино во садот и повторно загрејте ја напивката.
Чоколадното вино послужете го во чаши или шолји и уживајте!