Во Југославија немаше прослава без неа: Раскошна торта Династија – неодоливо кремаст десерт

0
300

Тортата Династија е создадена во средината на 1980-тите години, во време кога познатата американска серија со истото име беше популарна, а некои велат дека ова е одговорот на Југославија на култната серија.

Состојки:
За кори

– 15 белки

– 450 гр шеќер

– 150 гр сечкани ореви

– 3 лажици брашно

За фил

– 15 жолчки

– 8 дл. млеко

– 3 пудинзи од ванила

– 8 лажици шеќер

– 6 ванилин шеќер

– 200 гр путер

– 16 лажици шеќер

– 100 гр чоколадо за готвење

– 2 шлага

Подготовка:
Кори

Оваа торта е малку понапорна, па за да направите вистинска, вкусна Династија, треба да испечете три кори.

На плех ставете мрсна хартија и додајте уште малку масло, печете ги корите една по една, така што трипати ќе изматите по пет белки. Во смесата со белки постепено додавајте шеќер, прво 150 грама и на крај 50 грама сечкани ореви и една лажица брашно.

Секоја кора се пече 45 минути на 150 степени.

Фил

Сите три пудинга сварете ги со 8 дл млеко и почекајте да се изладат и стврднат. Додека се чека тоа, изматете 200 гр путер со 16 лажици шеќер и додадете 15 жолчки една по една.

Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ги изладените пудинзи и сè лесно измешајте со миксер. Добиениот фил поделете го на два дела, во едниот дел додадете 6 кесички ванилин шеќер, а на другата половина 100 гр растопено чоколадо.

На приготвената кора премачкајте слој жолт, па слој кафен фил и ставете врз следната кора, па повторно премачкајте. На последната кора ставете шлаг и вашиот десерт е готов!