Христијан Спировски, по потекло од Македонија, е млад пијанист кој е роден и со години живее во Мелбурн, каде често ги забавува луѓето со своите виртуозни изведби.
Тоа го потврдува и видеото во кое тој на пијано свири „ужичко коло“, придружуван од девојка по име Шион, виолинистка од Јапонија. Шион и Кристијан се сретнале случајно на железничка станица во центарот на Мелбурн. Откако била воодушевена од свирењето на Христијан, таа решила да му се придружи и да го придружува на виолина.