На страницата на Инстаграм Geographical Corner беше споделена интересна мапа која покажува кои всушност се најголемите пивопијци во регионот.
Страницата Географски кутак секојдневно споделува интересни податоци и инфографици поврзани со географски податоци поврзани со земјите од светот и регионот.
Меѓу последните објави на оваа страница, тие на мапа претставија кои се најголемите пивопијци во регионот, пренесува Klix.ba.
На картата е прикажан бројот на потрошени литри пиво по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се трошат 72,1 литри пиво по жител.
На второ место е Словенија, каде во просек се пијат 69,7 литри годишно по жител. Следна е Црна Гора со 67,4 литри во просек.
На четврто место е Босна и Херцеговина со 63,7 литри по жител. Србија е претпоследна со 62,2 литри по жител, а убедливо најмалку пиво во регионот пијат Македонците кои просечно пијат само 33,5 литри годишно.