Семејствата на жртвите на момчето-убиецот, кој на 3 мај уби девет ученици и обезбедувањето на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, денеска сведочеа во Вишиот суд во Беоргад во граѓанската постапка против родителите на момчето убиец Владимир и Миљана Кецмановиќ за надомест на штета.
Пред почетокот на рочиштето беше многу потресно кога родителите во црно се собраа пред судницата, се гушкаа и плачеа.
Инаку, во тужбата на семејствата се бара отштета од 100.000 евра по жртва.
Да потсетиме, со обвинението, кое претходно го потврди и Вишиот суд во Белград, Владмир Кевмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, неговата мајка Миљана за недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материи, додека за давање лажен исказ се товарат претседателот на стрелачкиот клуб и инструкторот на стрелиштето.
Извор: Србија Данас/Информер