Натпреварот меѓу Партизан и Виртус Болоња имаше одлична увертира. Навивачите во „Штарк Арената“ пред евролигашкиот меч со италијанскиот ривал за време на интонирањето на химната направија убав гест.
Акцијата поттикната од „Гробари“ беше донација на плишани играчки посветени за најмладите од ранливите категории. Така, стотици играчки полетаа кон теренот и го преплавија за време на химната на Партизан, а истите ќе бидат донирани.
IT'S RAINING TOYS IN THE ŠTARK ARENA 😍👏
A very special @PartizanBC anthem edition with the fans donating toys to charity 💯#EveryGameMatters pic.twitter.com/VuiT8K4NTX
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 28, 2023